Излезни анкети: На парламентарните избори во Словенија убедливо води партијата на Роберт Голоб

1 min read

На парламентарните избори, кои се одржуваат денеска во Словенија, до 16 часот или три часа пред затворањето на гласачките места гласале 49,3 отсто од близу 1,7 милиони регистрирани избирачи, соопшти Државната изборна комисија.

Излезноста е многу поголема отколку на изборите во 2018 година, кога до 16 часот гласаа 34,32 отсто од гласачите и кога вкупниот одѕив на крајот беше помал од 53 отсто, пренесува Хина.

Според резултатите од излезните анкети што Медијана ги спроведе за РТВ Словенија и Поп ТВ, убедливо слави партијата Движење за слобода на чело со Роберт Голоб. Според проектираните резултати, оваа партија доби најмногу гласови, 35,8 отсто, потоа Словенечката демократска партија на Јанез Јанша со 22,5 отсто и Нова Словенија која доби 6,8 отсто од гласовите.

Цензусот за влез во Парламентот би го минала и партијата СД со 6,6 отсто од гласовите и партијата Левица која доби 4,4 отсто од гласовите.

На изборите во 2016 година Јанез Јанша освои релативно мнозинство со својата партија, но поради неуспехот на коалициски партнери не успеа да формира влада. Во тоа време, левичарската коалициска влада ја формираше Марјан Шарец, иако имаше двојно помалку пратеници во парламентот од 26-те на Јанша. Меѓутоа, владата на Шарц падна по две години и беше наследен од Јанша.

Државната изборна комисија на својата веб-страница околу 20.30 часот ќе почне да ги објавува првите официјални делумни резултати, како и проекции за тоа колку пратенички места би можела да има секоја партија во новиот парламентарен состав.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

По години молчење за неговиот син и Брижит: Таткото на Макрон зборуваше за неговиот однос со снаата

Следно

Излезни анкети во Словенија: Менаџерот Голоб убедливо го победи Јанша

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian