ФОТО | Поранешната на Фил Колинс се омажи за ескорт маж: Му се заканила дека ќе му ги отсече интимните делови

5 mins read

Поранешната сопруга на Фил Колинс, Оријана, се нашла себеси нов млад сопруг на веб-страница која нуди услуги на ескорт мажи, а на која тој се рекламирал како „секси интелектуалец“ со дипломи по филозофија и политички науки.

„Таа инсистирала на средба“ со Том Бејтс и го убедила да се пресели со неа во вилата на поп-пејачот во Мајами Бич, вредна 40 милиони долари, откако тајно се венчале и додека Фил Колинс отсутна, се наведува во судските документи за кои известува „Дејли мејл“.

Меѓутоа, тоа било почеток на огнената врска со Оријана (48), која „во неколку наврати“ физички го нападнала својот нов сопруг, а еднаш дури и му се заканила дека ќе му ги отсече „интимните делови“.

Наводно, 32-годишниот Бејтс ја викнал куќната помошничка „да му помогне да излезе од куќата за да го избегне нападот на бесната сопруга“. Пред да се распадне нивната врска, медиумите пишуваа дека Оријана на Бејтс му ветила 50 отсто од приходите од продажбата на луксузната вила на Колинс, која некогаш била во сопственост на пејачката Џенифер Лопез.

Оријана на крајот поднела барање за развод од Фил Колинс, само 15 месеци по тајната венчавка со Бејтс во капела во Лас Вегас во 2020 година.

„Дејли мејл“ откри дека таа го пронашла Бејтс на страницата „Cowboys 4 Angels“, каде што тој бил нарекуван Рајан. Тој се пресели од Флорида во Лос Анџелес за да се обиде да успее во музичката индустрија. Но, на крајот се вратил на Флорида бидејќи работите не се одвивале како што тој замислил. Наводно, Бејтс се гледал со Оријана во хотел со пет ѕвезди во Мајами Бич.

На веб-страницата Cowboys 4 Angels, Рајан се рекламираше како „класичен, харизматичен господин од Лос Анџелес кој сигурно ќе ги надмине вашите очекувања и ќе ви даде незаборавно искуство“.

„По потекло од источниот брег, овој секси интелектуалец е добро образован, се стекнал со дипломи по филозофија и политички науки, што дополнително ја зајакнало неговата способност да напредува во социјалните и формалните ситуации кои бараат поттикнувачка, импресивна и провокативна комуникација. Рајан во моментот работи како личен тренер и музичар. Некои од неговите главни области на интерес вклучуваат уметност, мода, патувања и музика во живо“, стои во неговата биографија.

Оријана ги сменила шифрите на електронските брави и вработила чувари со пиштоли за да го обезбеди „љубовното гнездо“ коешто планирала да го направи со нејзиниот нов сопруг во вилата на Фил Колинс. Таа, исто така, на новиот сопруг му подарила дизајнерска облека и часовници во вредност од 75.000 долари , како и автомобил „Астон Мартин“ вреден 340.000 долари.

Во меѓувреме, Колинс од Швајцарија покренал правна пресметка во која сакал да ја избрка од својот дом, а на крајот ја продал куќата за 40 милиони долари. Оријана сè уште се бори да земе половина од таа сума.

Како и да е, младенците, отпосле, морале да се вселат во нов дом со шест соби вреден 6 милиони долари, кој има и базен. А, тогаш почнале брачните проблеми, стои во судските документи.

– Кога се запознале, сопругот бил вработен во службата за придружба. Таа го избрала сопругот преку таа служба и инсистирала да се сретне со него. Нивниот однос набрзо прераснал во романтична врска. Таа го натерала сопругот да ја напушти работата за ескорт и да се омажи со неа. Потоа се преселил од Калифорнија во Флорида и изнајмил стан. По венчавката, неговата сопруга инсистила тој да се пресели во резиденцијата на Колинс во Мајами, каде што таа живеала“, стои во судските документи.

„Сопругата јасно сфатила дека неговиот живот ќе се преврти наопаку кога Фил Колинс ќе ги тужи, откако ќе дознае новиот сопруг се вселил во неговиот дом“, се додава во судските документи.

Фото: EPA/ KEYSTONE/PATRICK AVIOLAT

Оријана го запознала Фил Колинс кога имала 22 години, а се венчале во 1999 година во Швајцарија. Тој тогаш имал 48, а таа 27.

Тие се разведоа во 2008 година, за повторно да се смират во 2015 година. Имаат два сина, 20-годишниот Николас и 17-годишниот Метју.

Драматични обвиненија на бившата сопруга на Фил Колинс: „Тој е импотентен, насилен и не се бања редовно“

Драматични обвиненија на бившата сопруга на Фил Колинс: „Тој е импотентен, насилен и не се бања редовно“

Фил Колинс сака да ја исфрли сопругата: Му рекла дека оди на службен пат, а се вратила омажена за друг човек!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ракометарките на Србија ќе играат на ЕП

Следно

Џафери им го честита Велигден на православните верници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian