Двете крајности на возачите во Скопје: Едните застануваат своеволно на пешачки, а другите не пропуштаат Итна помош

2 mins read

Улиците во Скопје често се претворени во тркачки патеки, а сообраќајот секојдневно е вистински  хаос. Веројатно, метежот тешко е да се избегне и гужва нема само за продолжените викенди и празници кога сообраќајниците функционираат помирно, а градот е ослободен од секојдневната бучава која ја создаваат возачите на автомобилите и моторите.

Секојдневно сме сведоци на најразлични случувања во сообраќајот. Дел од нив се ненамерни грешки, но и има и такви кои често се случуваат.  Доаѓањето на пролетта значи и поголема бучава која ја создаваат моторциклистите, поголема гужва на пешачките премини, повеќе велосипедисти и возачи на тротинет, повеќе несовесни мотоцклисти и сите тие во круг создаваат еден систем на лош, брз, несигурен и небезбеден сообраќај. 

Скопје е град на спровиставености и различности. Речиси нема една работа во која сме уницифицирани, па така и во сообраќајот.

Има велосипедисти кои сметаат дека возењето на коловоз ги прави помоќни од автомобилите, има возачи на автомобили кои не пропуштаат возило на Итна помош, има пешаци кои на пешачки поминуваат „како на модна писта“, а има и такви оние кои добороволно и своеволно застануваат на пешачки да го пропуштат пешакот.

Првите, оние некултурните добиваат пцовки и навреди, за жал и тоа е дел од сообраќајната некултура во Скопје, а вторите добиваат убава насмевка, крената рака и знак за благодарноста, и тоа е дел од убавата култура во Скопје. 

Велат, еден убав гест во сообраќајот може да разубави нечиј ден. А, една возвратен насмевка и едно топло „благодарам“ може да биде причина за убаво расположение и позитивна енергија. Сите ние сме сведоци на добра насмевка, додека нервозно чекаме да се запали зеленото светло на семафорот, а таа убава насмевка може да разубави цел ден и да биде причина за уште многу убави работи.

Оваа пролет, разбуди ги позитивните навики во сообраќајот. Почитувај ги сообраќајните правила и прописи, вози одговорно. Пушти убава музика, уживај во сонцето и дели насмевка додека чекаш на пешачки или семафор.

 

skopjeinfo.mk

Претходно

Два месеци од почетокот на руската инвазија во Украина: Илјадници убиени, милиони протерани…

Следно

Нејмар не си оди од ПСЖ: Престанете со свирежите или ќе ви треба повеќе воздух

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian