До 17 часот излезеноста на претседателските избори во Франција е 63,23 отсто

1 min read

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Франција до 17 часот е 63,23 отсто, за два поени помалку од 2017 година, јави дописникот на МИА.

Двајцата кандидати Марин Ле Пен и Емануел Макрон гласаа уште напладне, по што се упатија во Париз за подготовка на постизборната вечер.

Меѓу нив треба да изберат 48,7 милиони Французи запишани на изборните листи,. Излезноста напладне изнесуваше 26,41 отсто, соопшти МВР. Таа беше 25,48 проценти во исто време, во текот на првиот круг.

Гласачките места беа отворени од 8 часот наутро насекаде во Франција и ќе се затворат во 19 часот (во 20 часот во поголемите градови). Првите проценки ќе бидат објавени, како што е обичај, во 20 часот од медиумите. Двајцата протагонисти потоа ќе и се обратаат на нацијата.

Во 2017 година, Емануел Макрон стана најмладиот претседател на Републиката. Сега има 44 години, дипломиран на високата школа за администрација, поранешен инвестициски банкар и поранешен министер за економија на Франсоа Оланд се надева дека ќе биде реизбран за втор петгодишен мандат.

Марин Ле Пен, 53-годишна адвокатка, е со трета кандидатура за Елисејската палата. Долго време избрана во Европскиот парламент, противкандидатката од екстремната десница сега е пратеничка на Па-де-Кале. Веќе финалист пред пет години, кандидатката на Националниот собир имаше добиено 33,9 отсто од гласовите. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Тања Турунџиева, нутриционистка: Дијареја и опстипација – што да јадете, а што не?

Следно

ЕХФ Евро куп: Македонија вторпат поразена, но не разочара против Норвешка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian