Хасан Салихаџимиќ, директорот на Баерн вели дека и следната сезона најдобриот фудбалер за 2021 година (во изборот на ФИФА) ќе остане во баварскиот клуб.
И сезонава Роберт Левандовски игра во одлична форма, досега има 48 голови во 43 настапи за германскиот гигант.
Левандовски (33) според „Трансфермаркт“ моментно вреди 50 милиони евра и има важечки договор со екипата од Минхен до 30 јуни 2023 година.
– Да го продадеме Левандовски доколку Барселона понуди 40-50 милиони евра? Не! Тој ќе остане летово во клубот. Има договор до 2023 година – се зборовите на Салихамиџиќ за „Скај90“.
Играчот за германскиот „Скај Спорт“ изјави дека наскоро ќе има состанок на кој не знае што ќе се случи.
– Дали ќе останам во Минхен? Тоа зависи од двете страни. Ситуацијата не е лесна. Дали сака клубот да ме задржи? Треба да го прашате клубот – рече Левандовски.
ВИДЕО: Баерн со победа над „милионерите“ дојде до десеттата титула по ред во Бундеслигата
Тен Хаг ќе прави чистка во Јунајтед, десет фудбалери ќе го напуштат „Олд трафорд“