ВИДЕО: Уапсен најдобриот стрелец во Еквадор, бил водач на мафијашката организација

1 min read

Најдобриот стрелец на еквадорскиот шампионат, членот на Барселона Гвајакил, Габриел Кортес, вчера е уапсен како дел од криминална организација.

Полицијата во еквадорскиот град Есмералдас кој се наоѓа на границата Колумбија спроведе акција против организираниот криминал и уапси 18 лица, а меѓу нив е и Кортес.

Апсењето на познатиот фудбалер го потврди министерот за внатрешни работи на Еквадор, Патрисио Карилјо.

– Имаме информации дека Кортес наредил и ги знае имињата на луѓето кои требало да бидат ликвидирани – рече  Карилјо.

Кортес, кој има четири настапи за репрезентацијата на Еквадор има настапувано и за бразилски Ботафого и мексикански Лобос, а прекарот му е „Ел Локо“ (лудак).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕМЦС блокира профили на Твитер поради лажни предвидувања за земјотрес

Следно

Трето дете од петтата сопруга: Николас Кејџ го откри необичното име за бебето кое го очекува со 31 година помладата сопруга

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian