ВИДЕО | Сензуалниот танц на Мадона ги разбесни фановите: Мадона дали си добро?

1 min read

Токму кога ќе помислите дека кралицата на поп-музиката не може повеќе да ве изненади, таа повторно се појавува со нешто подрастично од претходниот пат…

Американската пејачка Луиза Чиконе (63), позната како Мадона, веќе неколку години често е на мета на негативни коментари.

Причини постојат многу – главно поради естетските операции, филерите и филтери поради кои поп кралицата не личи на себе, снимките на Инстаграм, бизарното однесување, како и провокативните видеа во кои изгледа навистина евтино.

Сега Мадона повторно се соочи со негативни реакции поради снимката која на ТикТок е прегледана повеќе од 2,5 милион пати. Станува збор за видео кое трае само 13 секунди и во кое пејачката сензуално танцува во долна облека, а коментарите на тоа видео се нависитина брутални.

@madonna♬ original sound – madonna

„Оваа жена беше икона, а сега се уништува вака“, „Не можам да замислам зошто некој кој има милиони и милиони вака би се понижувал“, „Мадона дали си добро“, „Некој мора да и го одземе телефонот“, „Гледајте како го губи достоинството за само 13 секунди“, „Мамо помош, ме уплаши Мадона“, гласеа некои од реакциите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

1МФЛ: Шкендија симната од тронот, Шкупи е новиот шампион на Македонија

Следно

Русија ги истражува наводите дека британски експерти за саботажа се распоредени во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian