Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а својата класа ја потврди пред точно пет години на најголемото светско фудбалско дерби „Ел Класико“ против Реал Мадрид и тоа на „Сантијаго Бернабуеу кога го постигна победоносниот гол и потоа го имаше едно од најлегендарните прослави на гол.
За работата да биде уште „полуда“, тоа беше 500 гол за Меси во дресот на Барселона.
Меси во 92 минута го даде голот за победа (2:3) пред преполниот „Сантијаго Бернабеу“ и потоа го соблече дресот и го својата „десетка“ им ја покажа на навивачите на Реал Мадрид.
Иако тоа беше една од најлегендарните прослави на гол, на крајот Реал Мадрид последен се смееше бидејќи со победата во последното коло ја освои шампионската титула.