На својот официјален Јутјуб канал тој го објави спотот „2step“…
Британската поп ѕвезда Ед Ширан го сними својот нов спот во Киев само неколку денови пред Русија да ја нападне Украина.
Тој вчера наутро на својот официјален Јутјуб канал го објави спотот за нумерата „2step“, во кој соработуваше со раперот Лил Бејби.
Пред да започне спотот, на екранот се појавува порака од Ед Ширан, каде објаснува дека го снимил видеото во Киев непосредно пред „започнувањето на разорните акти на насилство“.
„Беше тоа мојата прва посета на таа земја и се чувствував многу добредојден“, изјави Ширан.
Во почетната сцена на спотот музичарот истакна дека целиот приход од Јутјуб стримовите ќе оди за хуманитарна помош за Украина.