Фудбалерите на Интер во дербито на 34. коло од Серија А со 3:1 ја совладаа Рома и се искачија на лидерката позиција на табелата, додека Рома со поразор пропушти шанса да му се приближи на Јувентус во трката за четвртото место кое носи пласман во ЛШ.
„Неразурите“ сега имаат 72 бода, еден повеќе од градскиот ривал Милан кој својот натпревар против Лацио ќе го игра утре.
„Неразурите“ офанзивно го започнаа натпреварот, а првата голема шанса ја имаше Хакан Чалханоглу, но неговиот удар го одрани голманот Руи Патрисио.
Сепак, во 30 минута Интер поведе откако Дензел Дамфрис ја искористи асистенцијата на Чалханоглу и погоди за 1:0. Само десет минути подоцна Марсело Брозовиќ од десетина метри откосо шутираше во горниот десен агол и погоди за 2:0.
Дилемите околу победнидкот беа решени на стартот од второто полувреме, поточно во 52 минута кога Лаутаро Мартинез по корнерот на Чалханоглу со глава го натера Руи Патрисио по трет пат да ја вади топката од мрежата.
Рома до крајот на натпреварот успеа само да го ублажи поразот со голот на Мхитарјан.
Со идентичен резултат, славеше и Аталанта на гостувањето кај Венеција и остана во игра за висок пласман.