Познатиот јутубер од БиХ Недим Лепиќ објави видео од силниот земјотрес кој изминатиот ден ја погоди земјата и се почуствува во сите соседни држави од регионот.
Лепиќ на својот канал на Јутуб објави кратко видео од моментот на потресот каде тој за време на директен пренос на видео платформата со неговите следачи, изненаден вели „Земјотрс, луѓе…силен земјотрес“.
Директниот пренос на јутуберот беше прекинат со тресење на тлото каде тој веднаш престана да снима и застана под вратата од неговата соба да се сокие од земјотресот.
Во исто време додека тој панично седи и се моли под вратата, на видеото се гледа како како микрофонот и столот се движат непрекинато. Тресењето трае околу една минута а по завршувањето Лепиќ кратко вели на публиката дека тој се надева дека сите се добро.