Фудбалерите на Тотенхем одиграа без голови на гостувањето кај Брентфорд во 34. коло од Премиер лигата и си ја закомпликуваа ситуацијата во трката за четвртото место на табелата кое носи во Лигата на шампионите.
Тотенхем сега 58 бода, два помалку од Арсенал кој е четврти на табелата и четири помалку од третопласираниот Челси кој пак има два натпревари помалку.
Но, тоа што ги загрижува навивачите е што по очајната игра против Брајтон во претходното коло, Тотенхем одигра лошо и вечерва и на овие два натпревари не упати ниту еден шут во рамките на голот на противниците. Вечерва играчите на Тотенхем имаа осум шута кои завршија вон рамките на голот.