Русија изврши ракетен напад во Одеса, погодена е и станбена зграда – има загинати

1 min read

Русија изврши ракетен напад врз јужниот пристанишен град Одеса, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Меѓу загинатите има и тримесечно бебе, објави на Телеграм Андриј Јермак. Повредени се 18 лица, додаде тој.

Украинските власти, исто така, соопштија дека ракетите погодиле воен објект и две станбени згради во градот.

На фотографиите се гледа дека ракетата паднала среде повеќекатна станбена зграда во која останала огромна дупка.

„Единствената цел на руските ракетни напади врз Одеса е терор“, оцени украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. „Русија мора да биде означена како држава која спонзорира тероризам и соодветно да се третира. Без бизнис, без контакти, без културни проекти. Потребен ни е ѕид меѓу цивилизацијата и варварите кои со проектили гаѓаат мирни градови“, напиша на Твитер украинскиот министер.

kurir.mk

Претходно

Полициска акција во Сарај : Запленета марихуана и муниција за Калашников

Следно

ВИДЕО + ФОТО | Одрон на карпа причина за смртта на младата девојка во земјотресот во БиХ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian