Ракометарите на Србија ќе играат на ЕП

1 min read

Женската ракометна репрезентација на Србија обезбеди пласман на Европското првенство што ќе се игра во ноември годинава откако во последното коло од квалификациската група 6 во Зрењанин го совладаа директниот конкурент Исланд со 28:22.

Србија со оваа победа го обезбеди второто место во групата која води на ЕП заедно со првопласираната селекција на Шведска.

Првото полувреме беше доста ефикасно, српските ракометарки го контролираа резултатот и по 30 минути игра водеа со 19:15. Во вториот дел Србинките ја одржуваа предноста од  четири до шест гола разлика и не дозволија резултатска неизвесност до крајот.

Најефикасна кај Србија беше Јована Стојиљковиќ со седум гола, а по четири постигнаа Сања Радосављевиќ и Марија Петровиќ.

Европското првенство ќе се одржи од 4 до 20 ноември во Словенија, Црна Гора и Македонија.

Резултати:
Данска – Фарски Острови 26:15
Србија Исланд 28:22
Шведска – Турција 33:21
Франција – Украина 27:18

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нов земјотрес во БиХ со јачина од 3,3 степени според Рихтер

Следно

Кај нив не постои втора шанса: Ова се најнемилосрдните знаци во зодијакот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian