Пред четири години цел свет го чекаше раѓањето на ова момче

3 mins read

Принцот Луис, најмалото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, денеска го слави четвртиот роденден.

Семејството на принцот објави нови фотографии од малиот принц направени од неговата мајка. Малиот принц на фотографиите позира на плажа во шорцеви и сив џемпер, а многумина веќе коментираат дека тој неодоливо наликува на својот татко. Сликите објавени од Кенсингтонската палата веќе собраа повеќе од педесет илјади лајкови на Твитер и неверојатни 800 илјади лајкови на Инстаграм.

Принцот доби и илјадници роденденски честитки од обожавателите на кралското семејство од целиот свет.

Сите го чекаа неговото раѓање

Иако веројатно никогаш нема да стане крал, во 2018 година сите го чекаа раѓањето на третото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Принцот Луис е пет години помлад од неговиот брат Џорџ и три години помлад од неговата сестра Шарлот.

Тој 23 април, стотици новинарски екипи застанаа пред болница во Лондон откако беше објавено дека Кејт Мидлтон се пораѓа. Принцот е роден наутро. Принцот Вилијам беше присутен на породување, а палатата Кенсингтон тогаш извести дека мајката и бебето, тешко околу 3.800 грама, се добро.

Цел свет го виде истиот ден бидејќи војвотката по неколку часа излезе од болница.

Фото: Профимедиа

Неколку дена подоцна беше објавено дека принцот го добил името Луис Артур Чарлс.

Веднаш по раѓањето тој влезе во историјата

Веднаш по неговото раѓање, тој влезе во историјата како првиот британски принц кој со раѓањето не ја загрозил својата постара сестра во редот за круната. Шарлот е четврта во редот за наследување на круната и ќе ја држи својата позиција до моментот кога нејзиниот постар брат Џорџ ќе добие наследник.

Кога и ако принцот Чарлс стане крал, Шарлот ќе стане трета по ред, а кога нејзиниот татко Вилијам ќе стане крал, таа ќе биде втора наследничка. Нејзината позиција ќе ја менуваат само децата на нејзиниот брат Џорџ, додека нејзиниот помал брат нема да ја загрози нејзината позиција. Така Шарлот стана првата принцеза во историјата што ја имала предноста да ја наследи круната пред нејзиниот помлад брат.

Според Законот за наследување од 2013 година, укината е предноста на „машкото раѓање“, па така принцевите повеќе немаат предност над постарите сестри.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мото ГП: Зарко ќе стартува од пол позицијата на трката за ГН на Португалија

Следно

Германскиот канцелар доби поддршка од коалицискиот партнер во врска со испораката на оружје за Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian