Постои ли начин паметните телефони да алармираат за земјотреси

2 mins read

Разорниот земјотрес во Босна и Херцеговина откри многу корисна карактеристика на паметните телефони со Андроид оперативниот систем. Тоа е предупредувањето за потреси кои се случуваат пред земјотресот воопшто и да започне и оваа алатка му обезбедува на корисникот дополнителни безбедносни упатства и насоки како тој да реагира во дадената ситуација.

Регионалните медиуми пишуваат дека токму корисниците на Андроид паметните телефони во Хрватска и БиХ синоќа биле изненадени од предупредувањето кое пристигна само неколку секунди пред да се случи земјотресот.

Станува збор за опција која беше најавена пред две години, но на почетокот функционираше само во неколку земји. Ова очигледно повеќе не е случај.

Сите паметни телефони доаѓаат за мали акцелерометри кои можат да ги почувствуваат сигналите што укажуваат дека може да се случи земјотрес.

Ако телефонот ги детектира овие сигнали, тој испраќа предупредување до серверот за откривање земјотрес на Гугл, заедно со грубата локација на земјотресот. Серверот потоа комбинира информации од многу блиски телефони за да открие дали навистина ќе се случи земјотрес.

Со комбинирање на сите овие податоци со сигурност може да се утврди дали ќе се случи земјотрес или не, а целиот процес се одвива во секунди.

Гугл наведува дека работел со светски познати експерти за сеизмологија и природни катастрофи како што се д-р Ричард Ален, д-р Џинкаи Конго и д-р Луси Џонс.

Како да се вклучат предупредувања за земјотрес?

Постапката е прилично едноставна. Треба да отидете до поставките на телефонот, да ја пронајдете локацијата, потоа услугите за локација и таму да ја најдете опцијата земјотреси-предупредувања.

Ако веќе не е вклучен, вклучете го. На некои телефони како Самсунг, опцијата за локација е под „биометрика и безбедност“. Заега оваа опцијата постои само на уредите со Андроид оперативниот систем.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски одржува прес-конференција, прва од почетокот на војната

Следно

ВИДЕО: Пред точно пет години Меси го замолкна „Сантијаго Бернабеу“ и ги дотепа навивачите на Реал со легендарното прославување на голот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian