Новиот уредник на „New York Times“ стана хит поради една фотографија, шегите на негова сметка не престануваат

2 mins read

„New York Times“ има нов извршен уредник. Неговото име е Џозеф Кан, а „NY Mag“ објави големо интервју со него со цел одблиску да ја прикаже личноста која ќе биде главна на еден од најпопуларните весници во светот.

Но неговите изјави во интервјуто паднаа во втор план, а причината за тоа се фотографиите кои се наоѓаат во текстот, меѓу кои една привлече огромно внимание кај твитерџиите. Имено, на фотографијата Џозеф седи на подот и се труди да изгледа опуштено. Има сериозен израз на лицето, едната нога му е испружена, додека другата свиткана во предел на коленото, а пред него, нормално, се наоѓа издание од весникот „New York Times“.

Новинарот Марк Џаџ го спореди со Џорџ Констанца од легендарната серија „Seinfeld“. А шегите на негова сметка не застанаа тука.

„Не разбирам… Ова веројатно требале да го одобрат низа луѓе, а никој очигледно не се спротивставил“, „Имам многу прашања…“, „И јас така се опуштам покрај весникот додека неудобно седам на подот до својата маса и фотељата“, „Зошто човекот е на подот? Ова не е добар почеток“, „Тоа што не носи чевли е најморничавиот дел од ова“.

„Мозокот ме боли додека размислувам на фотографиите кои биле одбиени, а оваа е прифатена“, „Дали некој навистина мислел дека ова е добра идеја?“, „Нацртај ме како една од твоите Французинки“, се само дел од шеговитете коментари кои не стивнуваат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Пред точно пет години Меси го замолкна „Сантијаго Бернабеу“ и ги дотепа навивачите на Реал со легендарното прославување на голот

Следно

Тотенхем без ниту еден шут кон голот на два натпревари тешко дека ќе игра во ЛШ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian