Нов земјотрес во БиХ со јачина од 3,3 степени според Рихтер

1 min read

Вечерва во 20:02 часот повторно е почуствуван нов потрес во БиХ. Според Евромедитеранскиот сеизмолошки центар земјотресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтер, а епицентарот бил само девет километри источно од Столац или 37 километри југоисточно од Мостар.

Длабочината на земјотресот се проценува на два километри, пишува денеска Далмација.

Медиумите јавуваат дека потресот повторно се почувстувал и во другите делови на Босна, Хрватска, Црна Гора и Србија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За Зеленски е нелогично што Гутереш ќе ја посети Русија пред Украина

Следно

Ракометарите на Србија ќе играат на ЕП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian