Атланта Хокс синоќа успеа да оствари важна победа од 111:110 во плеј-оф серијата со Мајами хит и да намали на 1:2 во победи, но пред натпреварот се случуваше вистинска драма поради сомнителен пакет.
Имено, почетокот на натпреварот доцнеше цели 40 минути, бидејќи полицијата во близина на салата пронашла сомнителен пакет.
На екипите не им беше дозволено да излезат на паркетот, но натпреварот не смееше да започне без дозвола на полицијата. Сомнителниот пакет бил пронајден во близина на статуата на Доминик Вилкинс пред „Стејт Фарм Арената“.
— Hawks PR (@HawksPR) April 22, 2022
– Пред вечерашниот натпревар од првото коло на Источната конференција меѓу Атланта Хокс и Мајами Хит, во близина на влезот два во „Стејт Фарм Арена“ е пронајден сомнителен пакет. Поради дополнителна претпазливост, влезовите 1, 2 и 3 беа затворени од полиција и обезбедувањето кои работеле на местото на настанот. На крајот излезе дека не станува збор за експлозив и пакетот е тргнат од специјална единица на полицијата на Атланта – се наведува во соопштението.