Мото ГП: Зарко ќе стартува од пол позицијата на трката за ГН на Португалија

1 min read

Возачот на Прамак Дукати, Жоан Зарко ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Португалија во Мото ГП шампионатот.

Французинот стигна до првата пол-позиција сезонава, а седма во кралската класа, на патеката „Алгарве“со одличен круг во самиот финиш од квалификациите.

Веднаш зад Зарко се најде Жоан Мир од Сузуки кој заостана 195 илјадити делови од секундата, додека трет беше возачот на Априлија, Алеш Еспаргаро.

Квалификациите беа возбудливи бидејќи голем број возачи менуваа го возеа најбрзиот круги, и се чинеше дека Џек Милер е најблиску до пол позицијата, но кога завршија квалификациите, возачот на Дукати падна на четвртото место бидејќи неговиот круг беше поништен поради возење кога на патеката биле истакнати жолти знамиња.

Еспаргаро заостана 232 илјадитинки зад Зарко, а две и пол десетинки пред Милер зад кого се најде шампионот Фабио Квартараро. Шесто најдобро време имаше Марко Безеки кој зад себе ги осѕави Алекс Маркез, Лука Марини и деветкратниот светски шампион Марко Маркез. Десеттото место го освои Пол Еспаргаро од Репсол Хонда.

Трката за Големата награда на Португалија ќе се одржи утре, а нејзиниот почеток е во 14 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рускиот патријарх се надева на мир, но не ја осудува војната

Следно

Пред четири години цел свет го чекаше раѓањето на ова момче

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian