Со трикратно кружење околу храмот Свети Климент Охридски вечерва прд полноќ започна пасхалната богослужба за овогодинешната велигденската литија за одбележување на Празникот над празниците, Хрстовото воскресение Велигден.
Со зборовите Христос воскрена – вистина воскресна архиепископот македонски и охридски г.г. Стефан им се обрати на поголемиот број насобрани верници точно на полноќ пред соборниот храм во Скопје.
Тој со желба за мир во душите на граѓаните и за мир во целата држава им го честиташе христовото воскресение Велигден на насобраните верници.
Велигденската радост е најголемата и најсветлата радост на христијаните. Таа е радост за најголемиот празник, за најголемиот ден – Велигден – радост за Воскресението на Господ и Спасител Исус Христос.
Таа радост е света радост и не е споредлива со никоја друга радост. Таква радост нема и не може да има. Таа радост е вечна како радоста на блаженството – а блаженството е постојана радост на душата.