Како да ги исчистите рацете по бојадисувањето на велигденските јајца?

1 min read

Понекогаш, колку и да внимаваме, при бојадисувањето на јајцата се случуваат и незгоди и завршуваме со прсти обоени во сите бои.

Некогаш само сапун и вода не помагаат во отстранување на дамките. Можете да се обидете да истурите оцет во раката и да триете како со течен сапун. Повторете уште еднаш ако не успеете.

Втор начин е да се обидете со лимон. Тријте со парче лимон и бојата ќе се растопи и лесно ќе измиете после со сапун.

Можете да се обидете и со топла вода во која сте раствориле сода бикарбона. Потопете ги рацете околу три минути и потоа измијте со сапун.

Од голема помош може да ви бидат и средствата за миење на тенџериња и загорени дамки на шпоретот чија смеса е песоклива, препознатливи како пасти или апразив.

Последна техника е да земете со прашок да исперете на раце некое старо крпче, не земајте чиста облека со цел бојата да не прејде на вашата облека, туку земете некоја крпа која не ви е потребна и со прашок за перење алишта, исперете ја на рака.

Веруваме дека после сите овие понудени начини, бојата од велигденските јајца на вашите раце конечно ќе биде отстранета.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Јанг ја остави Атланта во живот, Феникс и Милвоки го вратија брејкот

Следно

Пожарот кај струшката населба Елен Камен сè уште активен, нема опасност за куќите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian