Кај нив не постои втора шанса: Ова се најнемилосрдните знаци во зодијакот

1 min read

Еве за кои хороскопски знаци „втора шанса“ е непознат термин и нешто што никогаш нема да го добиете од нив…

Бик

Биковите не ја почнуваат врската брзо, но можат брзо да ја завршат. Не даваат втора шанса зашто полни се со самодоверба за тоа да го направат. Еднаш кога Бикот ќе науми нешто, многу е тешко да го натерате да го смени мислењето. Ако некој му згреши, а тој мисли дека тоа е неопростливо, веднаш ќе ве отпише. А штом ве отпише, тоа е засекогаш.

Скорпија

Ако барате втора шанса со Скорпијата, веројатно сте ја повредиле или издале, па засекогаш сте ја загубиле довербата. Ведна поздравете се со втората шанса, никогаш нема да се случи! Скорпиите не го пуштаат својот гнев туку -така. Скорпиите живеат според правилото – Ме измами еднаш, твој срам, ме измами по вторпат, мој срам.

Рак

Ракот е роден песимиста, особено кога станува збор за втора шанса. Можеби некому и дале втора прилика, во минатото, ама веќе не сакаат пак да се изгорат. Ако еднаш го скршите срцето на Ракот, никогаш нема да може да се излечи. Подобро е еднаш да се научи лекцијата и да се тргне понатаму.

Јарец

Јарците знаат дека изгледите некој да ги искористи се големи, па затоа попрво ќе направат рез. На личноста која им згрешила ќе и посакаат се најдобро, само – веќе не ја сакаат во својот живот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ракометарите на Србија ќе играат на ЕП

Следно

Избори во Словенија : Јанша и Голоб во тесна трка за парламентарно мнозинство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian