Голем народен собир со музика утре во црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче

1 min read

Под покровителство на Општина Аеродром утре, во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе се одржат традиционалните 34.Велигденски средби.

Манифестацијата во чест на најголемиот христијански празник ќе почне во 10:30 часот, веднаш по завршувањето на велигденската литургија во црквата што ја организира Црковниот одбор на православниот храм.

На Велигденските средби со богата културно-уметничка програма ќе настапат голем број естрадни ѕвезди, а според досегашното искуство, се очекува присуство и на голем број граѓани.

Оваа година на Велигденските средби настапуваат групата „Фортуна“, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Даниела Темелковска, Влатко Лозановски, Орде Неделковски, Благица Павловска, Сузана Спасовска, ВИС „Аманет“, КУД „Никола Јонков Вапцаров“ и други реномирани уметници од македонската естрада. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Британски разузнавачи: Руските трупи не успеаја да постигнат голем напредок во изминатите 24 часа

Следно

ВИДЕО: Храбрата реакција на водителката на црногорски Дневник за време на земјотресот стана хит на социјалните мрежи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian