Франција утре гласа за претседател – изборот ист како пред пет години

7 mins read

Двете недели на интензивна предизборна кампања во периодот помеѓу двата круга на претседателските избори, кои се всушност реприза на изборите од пред пет години, беше обележан со „сè освен Ле Пен“ со предност пред „сè освен Макрон“ и со улогата на третиот човек на изборите Жан-Лук Меланшон. Без разлика на исходот од изборите в недела, тие ќе означат нова фаза во рекомпонирањето на францускиот политички пејзаж, јави дописникот на МИА.

Од полноќ Франција е во предизборен молк, во очекување на вториот круг на претседателските избори кои поминаа во поинтензивна кампањата во споредба со првиот круг. Утре 47,8 милиони Французи се повикани на гласање за да одлучат меѓу Емануел Макрон и Марин Ле Пен. Како пред пет години, но во контекст кога електоратот на Жан-Лук Меланшон, трет човек на гласањето во првиот круг со 22 отсто од гласовите, се чини дека е одлучувачки за конечната победа. Додека претседателот во заминување води во трката во анкетите со 55 до 57% од намерите за гласање според последните испитувања објавени во петокот и додека дебатата меѓу финалистите што се одржа во средата не и дозволи на кандидатката на Р.Н. (крајната десница) да предизвика пресврт, апстиненцијата повторно ќе биде еден од главните фактори на утрешните избори. Во 2017 година, кога победата на Ле Пен едноставно не беше веродостојна хипотеза, одѕивот падна помеѓу првиот и вториот круг (од 77,8% на 74,6%). Што ќе се случи пет години подоцна кога изборите изгледаат, сè освен изненадување, односно повторно ветена победа на Макрон.

За време двете недели интензивна предизборна кампања, „републиканскиот фронт“ – за кој Макрон сметаше дека повеќе не постои – првично се појави во многу лоша основа во позадина на банализирање на РН и омраза кон претседателот во заминување. Анкетите на јавното мислење во текот на овие две недели меѓу двата круга покажаа дека појдовната казна е преголема за претседателот во заминување. Ако и Макрон и Ле Пен испратија повик да му се попречи патот на противникот, се чини дека „сè освен Ле Пен“ има предност пред „сè освен Макрон“. Кандидатката на РН се обиде да го украде во нејзина корист изразот на „брана“ за да го собере гневот акумулиран во петгодишниот период против шефот на државата. Таа не успеа да ја наметне идејата за „референдум“: ниту против него, ниту против пензионирањето на 65 години, гнев што шефот на државата успеа да го смири еден ден по првиот круг, пишува париски „Либерасион“

Откриена откако громобранот Земур привремено исчезна од политичкиот и медиумскиот пејзаж, Ле Пен јасно се појави тоа што е: лидер на француската крајна десница. Но, додека, според анкетата на БВА објавена во петокот, 65% од Французите сега сметаат дека РН е „партија како другите“ (наспроти 54% во 2017 година), нејзиниот претставник треба да го достигне највисокиот резултат во историјата на нејзиното политичко семејство на претседателски избори. Ова е еден вид надеж да пожнее посочни плодови од 2017 година на парламентарните избори (само осум пратеници) и значаен дел од политичкото рекомпонирање кое се чини дека се најавува со колапсот на традиционалните партии (ПС (социјалистите и ЛР-Републиканците) во првиот круг.

Надвор од неколкуте програмски отстапки изведени како намигнување кон левицата и десницата, Емануел Макрон се обиде да ги собере или, едноставно, да ги увери Французите пред сè, насочени кон антирепубликанските предлози на Ле Пен и нејзиниот недостаток на економски кредибилитет. Неговиот статус на државник на крајот ќе тежи многу во негова корист и, ако тој е повторно избран за нов мандат, тоа е уште еднаш благодарение на гласовите на левицата, пред сè на повеќе од 7,7 милиони кои гласаа за Жан-Лук Меланшон во првиот круг.

Доколку Меланшон експлицитно не ги повика своите приврзаници да гласаат за кандидатот во заминување, бунтовниот кандидат, под неговото ново движење на Народен сојуз, ги повика да не бидат „гледачи“ и да гласаат. Сето тоа без да и се даде ниту еден „глас“ на Марин Ле Пен. Истата линија како во 2017 година, но многу појасно изразена. Наместо кампања помеѓу имиграциските квоти или местото на исламот во јавниот простор, неговиот статус како „трет човек“ овозможи да се фокусираат прашањата на темите на куповната моќ и на климатската вонредна состојба: Макрон, сега е претворен во „еколошко планирање“, целејќи на гласачите во предградијата и центрите на градовите, Ле Пен ги цели оние кои се погодени од зголемувањето на цените и се загрижени за враќање од пензија на 60 години.

Пет години по првиот круг кој предизвика експлозија на дел од политичкиот пејзаж, овој втор дуел Макрон-Ле Пен, без разлика на исходот, отвори нова ера. Екстремната десница на власт во голема европска земја би била земјотрес од меѓународни размери. Реизборот – единствен надвор од периодот на соживот – на шефот на државата треба да го заврши распаѓањето на францускиот политички „стар свет“ и многу брзо ќе го отвори патот кон нова фаза на рекомпонирање. На менито ќе биде и наследувањето на Макрон кој нема да може да биде кандидат во 2027 година за трет мандат, бидејќи на тоа обврзуваат уставните правила на Франција.

Веќе проектиран во „третиот круг“ со јунските парламентарни избори, Меланшон сака да влијае на оваа рекомпонирање со претворање на неговиот добар претседателски резултат во силно присуство во Собранието. Прашањето е дали тој има сила и ќе успее да му наметне соживот на повторно избраниот претседател и дали има силна обединување на левицата и со тоа да стане првата опозициска сила наспроти Макрон, како што тоа беа Републиканците меѓу 2017 и 2022 после 20 отсто на гласови за Франсоа Фијон. Евентуалниот сојуз на еколозите, и комунистите – па дури и на одредени социјалисти – навестуваат подобра жетва за левицата од онаа собрана (околу шеесет пратеници од различни убедувања) пред пет години. Што и да се случи, од јуни во Франција ќе живееме во друг политички свет. Заклучува „Либерасион“.

kurir.mk

Претходно

Принцот Хари призна: Во последните две години го чувствувам присуството на мајка ми повеќе од кога било досега

Следно

ЕМЦС блокира профили на Твитер поради лажни предвидувања за земјотрес

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian