Ферстапен победи на првата спринт квалификациска трка и ќе стартува од пол позицијата во Имола

1 min read

Актуелниот формула 1 шампион, Макс Ферстапен, триумфираше на првата спринт квалификациска трка сезонава и со тоа ја обезбеди пол позицијата на утрешната трка.

Возачот на Ред Бул до победата на спринт трката која се возеше на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола дојде до предност од речиси три секунди пред возачот на Ферари, Шарл Леклер. Третото место го освои клупскиот колега на Ферстапен, Серхио Перез кој задоцни четири и пол секунди.

Леклер на стартот од спринт трката го претекна Ферстапен и веднаш направи предност од една секунда. Ферстапен во финишот ја намали разликата и во претпоследниот круг успеа да го претекне Леклер.

На четвртото место се пласира вториот возач на Ферари, Карлос Саинс по што следеа возачите на Мекларен, Ландо Норис и Даниел Рикиардо, пред Валтери Ботас од Алфа Ромео и возачот на Хас Кевин Магнусен.

Место меѓу првите десет на стартот на неделната трка обезбедија и возачот на Алпина, Фернандо Алонсо и Мик Шумахер од Хас. Возачите на Мерцедес повторно разочараа, Џорџ Расел го освои 11 место, додека Луис Хамилтон беше 14.

Трката за Големата награда на Емилија Ромања ќе се одржи утре, а стартот е закажан за 15 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Возрасен маж нападнат од вработен во маркет во Скопје

Следно

ФОТО | Синот на Елизабет Харли ги воодушеви фановите со новиот изглед: Изгледаш како грчки бог

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian