ЕМЦС блокира профили на Твитер поради лажни предвидувања за земјотрес

1 min read

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека од синоќа блокирал профили на Твитер на корисници поради лажни предвидувања за земјотрес, но и политички и навредливи коментари.

– Повторно блокиравме многу профили во последните неколку часа, повторуваме дека нашата политика е да не се користи нашата апликација за да се предвиди земјотрес, бидејќи такво нешто не постои, и не оставајте политички или навредливи изјави или ќе бидете блокирани. Ви благодариме, напиша ЕМСЦ на Твитер.

На подрачјето на Херцеговина, по синоќешниот земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, во текот на ноќта се регистрирани повеќе од 30 земјотреси со послаб интензитет.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Франција утре гласа за претседател – изборот ист како пред пет години

Следно

ВИДЕО: Уапсен најдобриот стрелец во Еквадор, бил водач на мафијашката организација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian