Арсенал си најде напаѓач во Манчестер

1 min read

Управата на Арсенал постигна договор со напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жесус за следната сезона да се пресели на „Емирати“ во Лондон.

„Топчиите“ имаа неколку средби со агентот на на фудбалерот на Манчестер Сити на кој беше постигнат договор и се очекува во претстојниот период двете екипи да најдат заеднички јазик за обесштетувањето.

Оваа вест ја пренесе бразилскиот новинар Хорхе Никола, кој тврди дека обесштетувањето нема да биде преголемо бидејќи Жесус на лето ќе влезе во последната година од договорот со Манчестер сити. За очекување е „граѓаните“ да не му прават проблем на Жесус и да го пуштат да си оди бидејќи се наоѓаат на чекор од договор со Ерлинг Халанд.

Габриел Жесус би требало да ја има улогата на прв напаѓач на Арсенал во следната сезона бидејќи на лето ќе си замине Александре Лаказет на кого му истекува договор и управата нема намера да преговара на нов.

Габриел Жесус во Манчестер сити пристигна во 2017 година од Палмеирас и на 229 натпревари постигна 89 гола и има 45 асистенции.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Храбрата реакција на водителката на црногорски Дневник за време на земјотресот стана хит на социјалните мрежи

Следно

Ќерката на Брус Вилис со емотивна објава сподели спомен од детството со него

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian