Арсенал го „торпедираше“ Јунајтед и го оддалечи од трката за пласман во ЛШ

1 min read

Фудбалерите на Арсенал во големото англиско дерби го совладаа Манчестер јунајтед со 3:1 во рамки на 34 коло од Премиер лигата и направија голем исчекор во трката четвртото место на табелата.

Со поразот на „Емирати“, Манчестер јунајтед остана шестото место на 54 бода, додека Арсенал е четврти со 60 бода и натпревар помалку и до крајот на сезоната за последното место кое носи пласман во Лигата на шампионите ќе се бори со Тотенхем кој има 57 бода и натпревар помалку од „топчиите“.

Арсенал одлично го започна натпреварот, со голот на Нуно Тавареш во третата минута, а во 28 минута постигна гол кој ВАР го поништи поради офсајд.

Сепак, „топчиите“ предноста ја зголемија само четири минути подоцна кога Букајо Сака го реализира пеналот..

Само две минути подоцна, надежите за Јунајтед ги оживеа Кристијано Роналдо кој погоди за 2:1 и најави подобра игра на неговите соиграчи.

Тоа се случи на стартот од вториот дел, „црвените ѓаволи“ заиграа далеку подобро, но Бруно Фернандеш пропушти можност да го промени текот на натпреварот. Португалецот во 57 минута го промаши пеналот, а четири минути подоцна на Роналдо му беше поништен гол од офсајд.

Промашувањата на Јунајтед ги казни Гранит Џака во 70 минута поставувајќи го конечниот резултат.
Во наредното коло, Арсенал ќе му гостува на Вест Хем, додека Манчестер јунајтед го пречекува Челси во уште едно големо англиско дерби.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петков: Поместувањето е прифатливо, но не и тргањето на ветото за Северна Македонија

Следно

ФОТО | Магична празнична декорација: Погледнете како луѓето во светот го украсуваат домот за Велигден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian