ВИДЕО РЕПОРТАЖА СО ДРОН: Како Велики Петок се чествуваше во сончевото Скопје

1 min read

Новинарската екипа на „Слободен печат“ денеска на пладне направи мини репортажа во двата најголеми храма во Скопје по повод Велики петок, ден пред најголемиот христијански празник Велигден.

Од она што можевме да го забележиме, граѓаните иако во нешто помал број во однос на минатите години, доаѓаа во Соборниот храм Св. Климент Охридски и црквата Пресвета Богородица за да го одбележат Велики петок, според симболиката и традициите.

Иако градските улици беа полупразни поради неработните денови кои граѓаните ги искористија за патувања надвор од главниот град, скопјани на пладне најчесто во друштво на најблиските пристигнуваа од сите страни во храмовите, за да запалат свеќа и да се помолат за здравје за нив и за најблиските пред Велигден.

Убавото сончево време, но и намалениот сообраќај на главните улици беше причина плус за православните верници да го искористат денот за прошетка и до најблиските паркови.

Во продолжение уживајте во краткото видео:

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Марс роверот „Perseverance“ сними еклипса на Сонцето на Марс

Следно

Одржани разговори меѓу Киев и Москва

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian