Сочно јагнешко „удавено“ во сол: Ќе ви стане дел од велигденската традиција

2 mins read

За христијаните, консумирањето јагнешко месо на Велигден е симбол. Претстава на Исус Христос како се жртвува и умира на крстот – Исус е „јагнето Божјо“. Жртвеното јагне се споменува во Стариот завет, кога Бог бара од Аврам да го жртвува својот син. Синот на Аврам, кога видел како се подготвува огнот, прашал: „Татко, еве оган и дрва, а каде е жртвеното јагне?“ Кога Бог видел дека Аврам е подготвен да го жртвува својот син, Бог му вели да престане и наместо тоа се жртвува јагне.

Кај нас, на велигденската трпеза јагнешкото е главна ѕвезда. Најчесто, секое семејство си има свој рецепт или тертип на подготовка, но оваа верзија, на јагнешко „удавено“ во сол, ќе ве инспирира да ја промените традицијата.

Состојки:

– 2,2 кг јагнешко, со коска
– 1,5 кг сол, мешавина од крупна и ситна морска сол (50/50)
– 4 белки
– по еден голем куп копар, нане и магдонос, грубо сечкани
– китка магдонос (средна големина)
– китка нане (средна големина)
– китка копар (средна големина)

Фото: Instagram

Начин на подготовка:

Прво, загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Поставете доволно големa тава за да го собере месото на рингла и нагодете ја температурата на средна. Заруменете го јагнешкото од сите страни.

Измешајте ги белките со солта за да добиете паста. Направете подлога од пастата на дното на плехот за печење и ставете го јагнешкото на врвот, а потоа покријте го со билките и остатокот од солената паста. Печете 2,5 до 3 часа.

Фото: Instagram

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Денвер и Јокиќ пред елиминација од НБА плеј-офот

Следно

Бугарското МНР „зачудено” од реакциите за клубот „Ванчо Михајлов”

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian