Серија А: Елмас неизвесен за натпреварот против Емполи

1 min read

Денеска италијанските медиуми пренесуваат дека можно е Елиф Елмас да не биде во составот на Лучано Спалети за мечот в недела од италијанската Серија А против Емполи.

Македонскиот репрезентативец тренираше индивидуално поради истегнување на тетивата на левата нога.

Наполи и натаму е во трка за Скудетото иако киксираше на последните два меча, запишувајќи еден пораз и реми.

Моментно се на третата позиција со 67 бодови, зад водечкиот Милан со 71, а втор е Интер (69).

Елмас досега сезонава во најквалитетната италијанска лига забележа 33 настапи и три гола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Итна евакуација на Aренa центар во Загреб по дојава за две поставени бомби

Следно

Што сѐ можете да најдете на велигденските трпези низ светот: Французите се гоштеваат со печена јагнешка нога, Полјаците со супа зурек:

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian