„Сер Дејвид Атенборо го посвети својот живот на документирање на љубовната приказна меѓу луѓето и природата и пренесување на истата во светот“, рече шефицата на УНЕП, Ингер Андерсен.
Програмата за животната средина на Обединетите нации (УНЕП) го прогласи природонаучникот, документарист и британско национално богатство Дејвид Атенборо за Шампион на светот. Престижната титула е признание за неговото животно дело кое ги има инспирирано сите кои го сретнале.
„Светот мора да дејствува сега за да ги спаси природата и планетата. Овие проблеми не може да ги реши една нација – без разлика колку е голема таа единствена нација. Знаеме кои се проблемите и знаеме како да ги решиме. Сè што ни недостига е унифицирана акција“, кажа 95-годишниот Атенборо, примајќи ја наградата.
Тој додаде дека успешните приказни за животната средина треба да ни даваат надеж дека промената е можна.
„Пред 50 години, китовите беа на работ на исчезнување. Потоа луѓето се здружија и денес ги има повеќе од кога било. Ги знаеме проблемите и знаеме како да ги решиме. Сè што ни треба е заедничка акција“, изјави Атенборо.
Sir David Attenborough has been awarded the @UN #EarthChamps Lifetime Achievement for his dedication to research, documentation & advocacy for the protection of nature & its restoration.
Here is his interview with @andersen_inger👇https://t.co/ixdmX76n6l#GenerationRestoration pic.twitter.com/2l9FEmVaKH
— UN Environment Programme (@UNEP) April 21, 2022
Од радиодифузер до природен историчар и автор до застапник за заштита на животната средина, Сер Дејвид повеќе од седум децении дејствува. Тој е најпознат по неговата работа со Единицата за природна историја на Би-Би-Си, вклучувајќи документарни филмови како „Животот на Земјата“, „Живата планета“, „Нашата планета“ и „Нашата сина планета“.
Покрај тоа, неговото застапување за зачувување и обновување на биолошката разновидност, транзиција кон обновливи извори на енергија, ублажување на климатските промени и промовирање на диети богати со растенија, придонесуваат за реализација на многу од Целите за одржлив развој.