Рекорд паѓа на „Вембли“: Борбата меѓу Фјури и Вајт пред 94.000 гледачи

1 min read

Големиот боксерски спектакл кој ќе собори еден рекорд е закажан за утре вечер (23 април) на „Вембли“.

Храмот на фудбалот во Лондон ќе забележи невидена посета, бидејќи на борбата меѓу Тајсон Фјури и Дилијан Вајт, чија влог е шампионскиот појас во тешка категорија во верзијата ВБЦ, ќе има 94.000 гледачи.

Фјури е непоразениот шампион, Вајт предизвикувач, кој своевремено беше спаринг партнер на Фјури во подготовките за легендарната борба со Владимир Кличко. Фјури не боксувал во Англија од 2018 година. Последен пат се бореше во Лондон во 2015 година.

– Да се ​​вратам во Англија по толку многу години, по сè што поминав и направив, да се борам со мојот стар пријател Дилијан за слава и појас, тоа е одлично нешто. Кој би помислил дека ние двајца ќе се сретнеме пред 94.000 луѓе – рече Фјури.

Вајт е аутсајдер, дојде до оваа борба со победата над Русинот Александар Поветкин, минатата година.

– Ова ми значи сè, ова е моментот. Она што го чекав. Малкумина веруваа дека ќе стигнам до оваа сцена. Тука сум, имаше многу неуспеси на мојот пат, но не се предавав. Ова е шансата што ја барав и сонував – вели Вајт.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кирил Петков со бугарска делегација деновиве ќе го посети Киев

Следно

ФОТО | Љубовницата на Путин, Алина Кабаева се појави во јавноста

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian