Расчистени четири кривични дела, поднесени неколку кривични пријави

2 mins read

На 20.04.2022 во 13.30 часот од страна на полициски службеници од ЕВР ОКР Ѓорче Петров од слобода бил лишен Н.А.(31) од Скопје, а на 21.04.2022 против него е поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение за сторени три кривични дела за „одземање на моторно возило“ по чл. 242 и едно кривично дело „кражба“ по чл. 235 од Кривичниот законик.

    Имено, на 02.11.2020 во 18.10 часот, во скопски Сарај, Н.А. од Скопје, искористил погоден момент и бесправно одзел патничко возило „мерцедес“, сопственост на М.З.(52) од  Скопје. Подоцна, од страна на полициски службеници од Полициското одделение Сарај, одземеното возило било пронајдено на автопатот Тетово-Скопје, при што било констатирано дека од него се одземени уште неколку предмети. 

Исто така, на 15.12.2021 во 16.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.А. искористил невнимание на Б.Т.(57) од Гостивар и одзел патничко возило „хјундаи“, кое тој го управувал, а во сопственост на јавно претпријатие. Одземеното возило малку подоцна било пронајдено од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на локалниот пат с.Шишево – с.Грчец.  Притоа било констатирано дека од возилото Н.А. одзел повеќе лични предмети.

На 25.01.2022 во 18.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.А. на ист начин одзел патничко возило на „фолксваген пасат“, сопственост на М.Т.(45) од Скопје, од кое исто така одзел повеќе лични предмети. Возилото било пронајдено од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција во место викано „Ниви“, атар во с.Грчец. 

Н.А. бил приведен во просториите на Полициска станица Ѓорче Петров, со него е извршен службен разговор, по што е изведен пред Судија на претходна постапка, од кого му е изречена мерка притвор.

skopjeinfo.mk

Претходно

Зеленски: Напредокот на Русија во источна Украина е само привремен

Следно

Мицотакис на 16 мај во посета на Белата куќа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian