Погба го одигра последниот натпревар за Манчестер јунајтед!?

1 min read

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник денеска изјави дека Пол Погба поради повреда ќе отсуствува од терените најмалку четири недели и дека речиси сигурно ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Французинот, чиј договор со Јунајтед истекува на крајот од сезоната (30 јуни 2022 година), се повреди во вторникот вечерта на натпреварот против Ливерпул (0:4).

– Мислам дека нема да игра повторно оваа сезона. Докторот ми кажа дека на Погба ќе му требаат најмалку четири недели да се опорави, а бидејќи нашиот последен натпревар е на крајот на мај, тој најверојатно нема да се врати на теренот – рече Рангник.

Јунајтед последниот натпревар сезонава ќе го одигра на 22 мај против Кристал Палас во Лондон.

Рангник воедно кажа дека Кристијано Роналдо ќе биде во конкуренција за дуелот против Арсенал. Португалецот доби неколку слободни денови по смртта на новородениот син, а во текот на неделата се врати на тренинзите со тимот. „Црвените ѓаволи“ во сабота ќе играат против Арсенал во Лондон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Минимално покачени цените во хотелите во Грција, цените на пакет аранжманите непроменети

Следно

Зошто се бакнуваме со затворени очи?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian