Јоновски ја продолжи соработката со германскиот клуб Интерактив

1 min read

Ацо Јоновски, кој е дел од стручниот штаб на македонската машка сениорска ракометна репрезентација, потпиша нов договор со Интерактив Хендбал.

Нашиот поранешен репрезентативец ќе остане на клупата на германскиот клуб до 2024 година.

Извршниот директор на екипата, Бастијан Шлиеркамп вели дека е среќен што Јоновски останува во тимот и е сигурен дека со него ќе го остварат клупските цели.

Од 2018 година беше асистент тренер, во натпреварувачката сезона 2019/2020 ја заврши професионалната кариера како играч, по што беше фокусиран само на тренерската работа.

– Тука во Интерактив имаме одличен, интересен проект со големи перспективи. Во тимот има заедништво, едвај чекам да соработувам со екипата и во следните години – вели Јоновски за клупскиот сајт.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицотакис на 16 мај во посета на Белата куќа

Следно

ФОТО | Северина го прослави 50-тиот роденден: Луксузна забава со 250 гости

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian