Муслиу со Инголштад не обезбеди опстанок во Бундеслига 2

1 min read

За Инголштад до крајот на сезоната останаа уште три натпревари, а денеска и официјално стана третолигаш во Германија.

Денеска во рамките од 31 коло играчите на тренерот Рудигер Рем ремизираа на гостувањето кај Карлсруе со резултат 2:2.

За гостите целиот меч го одигра македонскиот одбранбен репрезентативец Висар Муслиу.

Инголштад не успеа да обезбеди опстанок во Втората Бундеслига, се наоѓа моментно на последната 18 позиција со 20 бодови, 15 помалку од засега безбедниот Сандхаузен на 15 место.

Нашиот 27-годишен дефанзивец Муслиу досега во шампионатот запиша 11 настапи и еден гол во победата над Ауе (3:2).

Во генералниот пласман води Шалке на Дарко Чурлинов со 56 бодови и е во одлична позиција да се врати следната сезона во елитата. Второпласиран е Вердер Бремен со 54 бодови, а трет е Ст. Паули (53).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОН: 5,1 милиони Украинци ги напуштија своите домови поради војната

Следно

ВИДЕО | Хроника на лоша мајка: Децата со денови пиеја вода зачинета со вотка, не ме напаѓајте

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian