Конгресменката Холмс Нортон стана членка на групата за поддршка на Македонија

1 min read

Конгресменката Елеaнор Холмс Нортон од Конгресниот округ на Колумбија, стана најновиот член на Конгресната група за Македонија и македонските Aмериканци, која се залага за зајакнување на американско-македонските стратешки односи, соопшти Обединетата македонска дијаспора.

Конгресменката Холмс Нортон, која доаѓа од Демократската партија, е исто така и ко-спонзор на резолуцијата со која се изразува поддршка за прогласувањето на месец септември 2022 година како „Месец на македонското американско наследство” и се слави македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот неверојатен придонес за Соединетите Држави.

Конгресната група за Македонија и македонските Aмериканци, во моментов брои 36 члена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сер Дејвид Атенборо беше прогласен за Шампион на Земјата од Обединетите нации

Следно

Јапонија во мај продава 4,8 милиони барели нафта од резервите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian