Кирил Петков со бугарска делегација деновиве ќе го посети Киев

1 min read

Премиерот на Бугарија Кирил Петков за неколку дена ќе го посети Киев, а за учество во делегацијата ги покани претставниците на четирите партии од владејачката партија, изјави тој во интервју за Нова ТВ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, веста за посетата на бугарскиот премиер на Киев доаѓа во контекст на сериозни проблеми меѓу владејачките партии за прашањето за воена помош за Украина.

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба вчера ја напушти Софија без да добие јасен одговор дали Бугарија ќе даде воена помош. Тој учествуваше на состанокот на парламентарната комисија за надворешна политика, пред која зборуваше за руската инвазија на неговата земја и повика на воена помош.

Премиерот на Бугарија Кирил Петков напиша обраќање на Фејсбук, во кое повика на бришење на црвените линии и укинување на ултиматумите за ова прашање. „Демократска Бугарија” најави дека доколку не се прифати воена помош, тоа може да доведе до нивно повлекување од владејачката коалиција. Лидерот на „Има таков народ” Слави Трифонов на својот Фејсбук профил за првпат напиша дека треба да се обезбеди секаква помош за Украина. Вклучувајќи и воена. Главен противник останува Бугарската социјалистичка партија на вицепремиерката Корнелија Нинова, која смета дека доколку се даде оружје, конфликтот дополнително ќе ескалира.

Народното собрание на Бугарија по велигденскиот одмор мора да одлучи дали ќе испрати воена помош за Украина.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Јелена Карлеуша позираше како зајаче за Велигден, ама не само со цел да биде секси

Следно

Рекорд паѓа на „Вембли“: Борбата меѓу Фјури и Вајт пред 94.000 гледачи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian