Има ли место за паника? Хепатитис од мистериозно потекло откриен кај деца во Европа и во САД

4 mins read

Збунетите научници се обидуваат да ги откријат причините за чудната и алармантна епидемија на тежок хепатитис кај малите деца, бидејќи во Велика Британија се забележани 74 заразени деца, а во Шпанија три. Клиничарите во Данска и Холандија исто така пријавиле слични случаи. Во СAД, Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопштија дека се истражуваат и девет случаи во Алабама.

Вирусите можат да предизвикаат хепатитис, воспаление на црниот дроб, но и инаку здравите деца ретко можат сериозно да се разболат. Од 12 април, ниту едно дете во Британија или Шпанија не починало, но некои се многу болни: сите се хоспитализирани, а на седум им е потребна трансплантација на црн дроб, соопшти СЗО. За две од деветте деца во Алабама им е потребна и трансплантација на црн дроб.

Во моментов, водечка теорија е дека виновникот е аденовирус, семејство на вируси кои најчесто предизвикуваат настинки, половина од децата во Британија биле позитивни на таков вирус и сите деца во Алабама. Но, засега доказите се неосновани за целосно да се реши мистеријата, велат истражувачите и лекарите.

– До пред една недела тоа беа сосема здрави деца. Сепак, не се сите вести толку лоши, бидејќи повеќето од децата веќе се опоравуваат – изјавил д-р Кели.

„Ова треба да се сфати сериозно“, се наведува во соопштението на канцеларијата на СЗО за Европа.

Истражувачите од Шкотска првпат го идентификуваа вирусот на 31 март, кога ја предупредија јавната здравствена служба во оваа земја, и кога група деца на возраст од три до пет години беа примени во болница. На секое дете му се дијагностицира хепатитис од непозната причина. Шкотска обично има помалку од четири такви случаи годишно, велат научниците. Овој пат до 12 април се регистрирани само 13 случаи.

Доктор Кели вели дека само на неговото одделение се појавиле 40 деца со дијагноза на хепатитис од непозната причина. Во истиот период од јануари до април 2018 година таа бројка била само седум деца.

Повеќето случаи во Британија се деца на возраст меѓу две и пет години, според извештајот од 8 април, објавен од Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство. Европскиот центар за превенција и контрола на болести на 12 април издаде јавно предупредување за епидемијата во Велика Британија, истакнувајќи дека повраќањето и жолтицата се вообичаени симптоми.

Раните претпоставки за тоа од што би можеле да се разболат децата вклучуваа и храна, пијалаци и играчки, но сомнежите сега се фокусирани на вирусот. Ниту едно од децата во Британија или Шпанија немало типични симптоми поврзани со хепатитис А, Б, Ц или Е. Но, неколку деца биле позитивни на САРС-КоВ-2 непосредно пред или по хоспитализацијата, а ниту едно од децата не било вакцинирано против ковид -19.

Освен тоа, дури половина имале аденовирус, вирус кој се пренесува преку капки. Овој вирус може да предизвика повраќање, дијареја, конјунктивитис и симптоми на настинка, но ретко предизвикува хепатитис.

„Водечките хипотези се фокусираат на аденовирусот, или се работи за нова варијанта со изразен клинички синдром или станува збор за веќе познатата варијанта, која потешко влијае на малите деца“, велат истражувачите од Шкотска.

Изолацијата на најмладите за време на пандемијата на коронавирусот можеби го ослабнал нивниот имунитет бидејќи тие не беа изложени на многу вируси, вклучително и аденовируси, кои се вообичаени во детството.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СОНК го продолжи штрајкот, Владата со ССМ ќе креира нов oпшт колективен договор

Следно

Сер Дејвид Атенборо беше прогласен за Шампион на Земјата од Обединетите нации

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian