ФОТО+ВИДЕО | Јелена Карлеуша позираше како зајаче за Велигден, ама не само со цел да биде секси

1 min read

Српската пејачка Јелена Карлеуша шокираше многумина со своите провокативни фотографии на Велики петок, а испрати и силна порака со намера да испровоцира размислување.

Карлеуша на својот инстаграм – профил објави низа провокативни фотографии на кои позира во минијатурно розево бикини, а на главата носи огромна маска од зајак.

Пејачката го сврте грбот кон камерата и ги сподели со светот своите атрибути. Освен провокативни кадри, Јелена сподели и порака за Велигден.

„За овој Велигден покажете милост кон животните, особено ако самите тврдите дека сте верници, дека сте добри луѓе и дека ги сакате животните! Во името на Господ во кој верувате, ништо не смее да се убие“, ја започна објавата Јелена.

„Верата е љубов, верата е милост и простување, верата е нова надеж, а не убиено животно на чинија. На оваа планета, која сила и да ја создала, секој има право на живот“, заклучи пејачката.

Објавата на Јелена дефинитивно привлече големо внимание кај нејзините следбеници, а сите ја коментираат пораката на пејачката за Велигден.

„Карлеуша нема конкуренција“, „Додека другите најавуваат како бојадисуваат јајца, Јелена покажува зошто е најсилната риба на естрадата“,„Слики за привлекување на сечие внимание и силна порака“, „Лудо колку добро изгледа“, се дел од коментарите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ферстапен најбрз пред спринт трката во Имола

Следно

Кирил Петков со бугарска делегација деновиве ќе го посети Киев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian