Северина вчера го прослави јубилејниот 50-ти роденден. На синоќешната прослава на пејачката имало околу 250 гости, а во текот на вечерта на социјалните мрежи се појавија бројни снимки и фотографии кои открија што се случува во загрепскиот клуб.
ВИДЕО | Матурска забава: Погледнете како изгледала Северина на 19 години
Снимките на гостите открија дека биле дочекани со натпис „Severina level 50“ и дека на почетокот на екранот на сцената се вртеле фотографии од пејачката. На влезот стоел цветен ѕид со иницијалите на славеничката, а пред него Северина позирала со гостите.

Тука таа позираше и со мајка ѝ, за која многу пати зборувала колку се блиски.
Меѓу првите запеа Марко Тоља, а Северина заигра на подиумот со блиски пријатели.

По хитовите на Синатра што ги отпеал Тоља, беше испеан и кавер од фолк-хитот „Kakvo tijelo Selma ima“. „A ti i dalje pričaj svima, kakvo tijelo Seve ima. Da si traga ostavio, ne bi te zaboravila“, пееле гостите на цел глас.

Пејачката во еден момент се пресоблекла од скап фустан на Баленсијага во кој се појавила пред клубот во тесен кожен фустан без ракави. Таа на гостите им пеела со Саша Матиќ. Тие го отпеаја својот дует „More tuge“.


Во еден момент на сцената им се придружила и Ана Бекута, а за гостите пеел младиот Матија Цвек. Северина во текот на вечерта позирала со пријателите. Тој сподели селфи на „Инстаграм“, со Грашо и неговиот кум Кавчич.

Северина го прослави својот 50-ти роденден во друштво на вкупно 250 гости. Таа на забавата возела со порше, а при пристигнувањето блеснала во фустан на Баленсијага, кој вообичаено чини 1.900 евра. Меѓу гостите беа Петар Грашо и Хана Хуљиќ, Борис Новковиќ и Санди Ценов, Мислав Баго, Тарик и Лејла Филиповиќ, Димитрије Поповиќ …
