ФОТО | Кристијано Роналдо се огласи по смртта на синот: Мајката и бебето се дома

1 min read

Кристијано Роналдо на својот инстаграм – профил ја објави првата семејна фотографија по веста за смртта на новороденото синче.

„Доме, слатки доме. Гио и нашето девојче конечно се со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за убавите зборови и гестови“, започна тој.

По семејната трагедија: Емотивна објава на сестрата на Кристијано Роналдо

„Вашата поддршка е многу важна за нас и сите ја почувствувавме љубовта и почитта што ја имате кон нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за животот што штотуку го дочекавме“, напиша тој.

На фотографијата, многу пријатели, колеги и обожаватели им испратија благослови и поддршка.

Да потсетиме, Кристијано Роналдо(37) и Георгина Родригез(28) станаа родители на мало девојче, но нејзиниот брат близнак не го преживеа породувањето. Скршените родители веста ја објавија на социјалните мрежи, а многу познати личности им испратија пораки со поддршка.

„Нашето момче, ти си нашиот ангел. Ќе те сакаме засекогаш“, напишаа претходно.

ВИДЕО | Два дена пред трагичното породување, Георгина и Роналдо правеле скара со пријателите

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„АС“ спектакуларно ги најави плановите на Реал: „Мбапе не доаѓа сам“

Следно

На граничниот премин „Богородица” зголемена сообраќајната фреквенција за Велигден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian