Ферстапен најбрз пред спринт трката во Имола

1 min read

Актуелниот светски шампион до својата 14 пол позиција во кариерата стигна со време од 01:27,999 мин.

Возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен постигна најбрзо време во квалификациите пред спринт трката во Формула 1 во Имола, Италија.

Возачот на „Ферари“, Шарл Леклер ќе стартува како втор, водечкиот во Формула 1 шампионатот по три трки. Третото место му припадна на Ландо Норис од „Мекларен“, а Кевин Магнусен од „Хаас“ ќе стартува од четвртата позиција.

Квалификациите се одржаа во променливи услови и пет пати беа прекинати со црвени знамиња. Првиот дел беше прекинат откако паднаа делови од болидот на возачот на „Вилијамс“, Александар Албон.

Возачот на „Ферари“, Карлос Саинц излета од патеката во вториот дел од квалификациите, а спринтерската трка ќе стартува од 10 место. Во последниот дел квалификациите трипати беа прекинати поради излетувањето на Магнусен, Норис и возачот на „Алфа Ромео“, Валтери Ботас.

Трката во Имола ќе се вози во сабота од 16.30 часот, а бодовите ќе ги освојат осумте најбрзи возачи. Утрешната трка ќе го одреди и пласманот пред трката за Големата награда на Емилија Ромања, која на програмата е в недела од 15.00 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Одржани разговори меѓу Киев и Москва

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Јелена Карлеуша позираше како зајаче за Велигден, ама не само со цел да биде секси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian