Евролига: Реал на чекор од Ф4 турнирот во Белград

1 min read

Кошаркарите на Реал Мадрид поведоа со 2:0 во четвртфиналната серија од Евролигата, откако вечерва на домашен терен го победија Макаби Тел Авив со 95:66.

Најефикасен во домашниот тим беше Серхио Љуљ со 17 поени, а по 16 постигнаа Винсент Поаре (10 скокови) и Гершон Јабуселе.

Ниту еден играч на израелскиот тим не постигна двоцифрен број на поени, а најдобар учинок имаше Кинан Еванс со девет поени, а Анте Жижиќ, Скоти Вилбекин и Дерик Вилијамс додадоа по осум поени.

Следниот натпревар ќе се игра во Тел Авив, на 26 април. На три победи се игра четвртфиналето во Евролигата.

Кошаркарите на Монако победија вечерва против Олимпијакос со 96:72 и со тоа израмнија на 1:1 во четвртфиналната плејоф серија. Најдобар учинок во победничкиот тим имаше Мајк Џејмс со 23 поени.

На спротивната страна српскиот интернационалец Данило Анѓушиќ запиша 19 поени. Монако ќе биде домаќин на следниот натпревар на 27 април.

Потсетување дека Фајнл-фор турнирот во Евролигата е на програмата од 19 до 21 мај 2022 година во Белград, Србија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Пленковиќ го поддржа Јанша пред изборите во Словенија

Следно

Дневен хороскоп за 23 април: Расположени сте за да обновите пријателство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian