Деспотовски со Будва ја освои двојната „круна“ во Црна Гора

1 min read

Четврта година по ред одбојкарската екипа на Будва доаѓа до двојна „круна“, сезонава во финалето од плеј-офот триумфираше над Будуќност волеј.

Во третиот натпревар од финалната серија Будва славеше со резултат 3:2 во сетови 22:25, 25:15, 25:20, 21:25 и 15:6.

Доста убедливо го освоија петтиот сет, благодарение на расположениот капитен Гмитровиќ, поведоа со 4:1, па на семафорот стоеше 12:3, за на крајот заврши сетот со 15:6.

Македонскиот одбојкар Филип Деспотовски придонесе со четири поени, еден од нив беше решавачкиот во вториот сет за израмнување на 1:1 во сетови.

Кај неговите тимски колеги најефикасен беше Михајлов со 24 поени, а на спротивната страна два помалку запиша Јововиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јотова децидна: Нема причина да го укинеме ветото за Република Северна Македонија

Следно

ФОТО | Горан Пандев со честитка за синот Филипо: Среќен роденден принцу мој

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian