Јапонија во мај продава 4,8 милиони барели нафта од резервите

1 min read

Јапонија на 10 мај ќе одржи аукција за продажба на 760.000 килолитри или 4,8 милиони барели нафта од националните резерви, како дел од акцијата координирана од Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) за стабилизација на зголемените цени на енергенсот, соопшти денеска јапонското Министерство за индустрија.

Премиерот Фумио Кишида претходно овој месец изјави дека Јапонија ќе продаде рекордни 15 милиони барели нафта од државните резерви како дел од вториот круг на координирана интервенција на ИЕА на пазарот.

Од вкупната количина шест милиони барели ќе бидат од приватни резерви, а девет милиони барели од државни резерви, соопшти минатата недела јапонското Министерство за индустрија. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Конгресменката Холмс Нортон стана членка на групата за поддршка на Македонија

Следно

Најголемиот турски малопродажен ланец доаѓа на Балканот, помеѓу локациите е Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian