Жителите на Мајами не сакаат Формула 1 трка во нивниот град

1 min read

Окружниот судија Алан Фајн го одби барањето на жителите на Мајами да се суспендира градската трка во Формула 1 поради големата бучава што ја прават болидите.

Група граѓани на Мајами се пожалија дека градската трка од Ф1 шампионатот што треба да се одржи на 8 мај, може да им го оштети слухот.

Фајн пресуди дека доказите презентирани од жителите на Мајами не се уверливи и тие може да го заштитат својот слух со со престојување во затворен простор или со носење чепчиња за уши за време на трката.

Жителите на Мајами тврдат дека трката го прекршува градскиот ред за бучава, кој забранува неразумна бучава што го попречува или ја загрозува удобноста на жителите. Адвокатите на организаторот на трката изјавија дека постојат исклучоци поврзани со ова правила и тоа кога се во корист на градот како и дека нема докази дека трката ќе им го оштети слухот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Инфлацијата во Еврозоната руши рекорди: Минатиот месец забележано нагло зголемување од 7,4 отсто

Следно

ВИДЕО | Се огласи „претепаниот“ српски тиктокер, со модринки на лицето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian