Жена забременила со близнаци еден месец откако родила близнаци

2 mins read

Една жена на „TikTok“ објави дека се наоѓа во многу необична ситуација откако обајсни дека забременила со близнаци повторно, откако родила близнаци. Многумина ѝ честитаа и напишаа дека тоа што се случило е одлично, но има и такви кои велат, од сопствено искуство, дека не е лесно да се има близнаци, особено два пара, како што е случајот со оваа жена.

„Плодноста е благослов“, напиша еден корисник на видеото на „TikTok“ објавено од жена под профилот @ Bae_favvy1. Таа тврди дека повторно забременила само еден месец по раѓањето на близнаци.

„Три месеци откако ги добив близнаците, повторно сум бремена во втор месец со уште еден пар близнаци“, коментирала во објавата корисничката, но не открила премногу детали за нејзините чувства.

@bae_favvy1 👦👦 #baefavvy1 #twinspower #twins #twinspregancy ♬ Kwaku the Traveller – Black Sherif

Нејзината објава собра над 3,6 милиони прегледи. Многумина коментираа, а еве дел од коментарите: „Позитивно е што само од две бремености ќе имате 4 деца! Ќе растат брзо и ќе уживате во големо семејство“, „Ми падна вилицата. Бог да ве благослови“, „Леле, тоа е неверојатно. Би сакала да имам близнаци, а потоа да нема повеќе бебиња. Честитки“, „Зошто некој би си го направил тоа, никогаш повеќе нема да спиеш“. „Оние кои ги истакнуваат своите честитки овде очигледно никогаш не носеле близнаци! Не можам да ја поднесам помислата да го повторам тоа“, пренесува „The Sun“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ердоган: Турција мора да има една од најсилните воени морнарици во светот

Следно

ФОТО: МВР постави картонски полицаец на надвозник, ќе ги „плаши“ возачите да не возат брзо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian